НАУЧНИЦИ РЕАНИМИРАА ЦРВ КОЈ ПОМИНАЛ 45.000 ГОДИНИ ВО МРАЗ: Паразит од ерата Јура меѓу нас!

Криптобиозата е состојба во која жив организам почива во состојба помеѓу животот и смртта, според извештајот на француската информативна мрежа BFMTV.

Научниците пронајдоа микро-црв кој преживеал повеќе од 45.000 години во состојба на криптобиоза длабоко во ледениот сибирски вечен мраз.

Криптобиозата е состојба во која жив организам почива во состојба помеѓу животот и смртта, според извештајот на француската информативна мрежа BFMTV. Научниците успеаја да го реанимираат овој микроскопски црв кој настанал во времето на волнените мамути, тигрите со сабја заби и џиновските лос и другите изумрени животински видови од леденото доба.

Според професорот Тејмурас Курчалија, кој учествувал во студијата, објавена во научното списание PLOS Genetics, овој микроскопски црв од семејството нематоди (округли црви) преживеал 40 метри длабоко во сибирскиот вечен мраз, трајно замрзнат.

Научник, илустрација

Според научниците, овој мал паразит бил во состојба на криптобиоза, или „помеѓу животот и смртта“, во која организмите можат да преживеат без вода или кислород, способни да издржат осцилации од многу високи до ниски температури и смрзнување, но и во услови на екстремна соленост.