Нафтени деривати: Каде се најевтини, а каде најскапи во регионот

Пазарот на земјите од регионот, кој главно се потпира на увоз, веќе подолго време е изложен на поскапувања. Најголем дел од тие поскапувања се должат на растот на цените на дериватите, што следствено се одрази во секој сегмент од животот од периодот од пандемијата наваму.

Но, судејќи според последните случувања, се чини дека порастот на цените е привремен, а не само што дојде до стабилизирање на цените, туку и постепено намалување на нафтените деривати во сите земји од регионот.

Ако се осврнеме на споредбата помеѓу периодот на пандемијата и сегашните цени на дериватите, може да се забележи намалување на цената од 40 отсто.

Како е во регионот?

Регулаторните комисии за енергетика во земјите од регионот речиси секоја недела излегуваат со одлуки за цената на нафтата и нафтените деривати.

Според овие податоци кои си анализираше ТРТ Балкан, може да се заклучи дека Северна Македонија и Косово имаат најевтини цени на нафтените деривати во регионот.

Во моментов најевтина цена има Северна Македонија, односно 1 литар дизел чини 1,17 евра, додека 1 литар бензин чини 1,33 евра.

На второто место е Косово, каде 1 литар дизел чини 1,26 евра, додека 1 литар бензин чини 1,34 евра.

Потоа следува Босна и Херцеговина, каде граѓаните плаќаат 1,30 евра за 1 литар дизел, односно 1,35 евра за 1 литар бензин. Цената на дизелот во Црна Гора е 1,41 евра, а на бензинот 1,58 евра.

Албанија и Србија со исти цени

За разлика од гореспоменатите земји, Албанија и Србија имаат исти цени, кои всушност се и најскапи во регионот.

Граѓаните на овие две земји за 1 литар дизел плаќаат 1,59 евра. Цената на бензинот не се разликува многу од дизелот, каде како во Албанија така и во Србија 1 литар бензин чини 1,60 евра.

ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН