Додека сите зборуваат за Шакира и Круз, папараците ја снимиле пејачката на јахта со друго добро познато момче! (фото)

Колумбиската пејачка Шакира деновиве се најде на насловните страници на медиумите откако беше снимена со актерот Том Круз на една од трките во Формула 1, по што почнаа гласини и озборувања дека тие се момче и девојка.

Папараците ја уловија 46-годишната Шакира како се качува на јахта пред нејзината вила во Мајами, а ѝ се придружија познатиот возач на Формула 1, 38-годишниот Луис Хамилтон и неколку пријатели, само неколку часа откако имале заеднички ручек во ресторан. Но, наводната девојка на Луис, 24-годишната Јулијана Нала, никаде ја немаше на повидок, што, судејќи по фотографиите, воопшто не му пречеше бидејќи добро се забавуваше со Шакира.

Иако ја поврзуваа со Том, со кој беше на трката, извори блиски до неа негираа дека има нешто меѓу нив.

„Шакира одлично се забавуваше со Том во Ф1, но нема интерес да се гледа со него“, изјави извор за Us Weekly.

Пејачката моментално е слободна по разделбата со долгогодишниот партнер и татко на нејзините синови Жерар Пике, бидејќи тој најде нова љубов со младата студентка Клара Чија Марти.