„НАШЕТО ОРУЖЈЕ Е ОРУЖЈЕТО НА АЛИЈАНСАТА“ Зеленски тврди дека Украина е де факто членка на НАТО, за овој негов испад допрва ќе се зборува
Зеленски по повод самитот на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поголемиот дел од земјите членки на НАТО се со неговата земја и дека самитот на НАТО во Вилнус мора да потврди дека Украина е де факто членка на Алијансата .
– Мнозинството од Алијансата цврсто стои со нас – рече Зеленски во синоќешното обраќање.
– Кога аплициравме за членство во НАТО, искрено рековме: де факто Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружје на Алијансата. Нашите вредности се она во што верува Алијансата. Сето ова Вилнус мора да го потврди – рече Зеленски.
Тема на самитот – испорака на оружје за Украина
Тој додаде дека на самитот ќе се разговара и за дополнителни испораки на оружје за Украина.
– Сигурен сум дека од Вилнус би можеле да пристигнат позитивни вести за оружјето за нашиот народ – рече Зеленски.
Утре во Вилнус почнува дводневниот самит на лидерите на НАТО, а главна тема ќе биде одговорот на Алијансата на барањето на Украина да стане членка на воената организација.