“НАШИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ РАБОТАТ НА ТОА!“ – Премиерот на Велика Британија во дилема: “Не можеме да кажеме дека Русија го направила тоа…“

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, денес изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната „Нова Каховка“ на југот на Украина.

Не можам да го кажам тоа дефинитивно. Нашите разузнавачки и воени служби работат на тоа“, изјавил Риши Сунак, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува медиумската агенција Reuters.

Тој посочи дека доколку се докаже дека браната е намерно урната, тоа ќе биде ново дно од страна на Русија и Владимир Путин.

Тоа е чин на варварство од руската страна“, напомена премиерот на Велика Британија.

Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната со цел да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на полуостровот Крим.

Украина, пак, тврди дека руските вооружени сили одвнатре ја разнеле хидроелектричната брана „Нова Каховка“, која Москва ја стави под своја контрола на почетокот на нападот врз оваа земја.