НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПОД СЛОГАНОТ “ПРАВДА ЗА ВАЊА“ – На целосно расчистен и расветлен случај од МВР “граѓанскиот сектор“ се разбуди

По бруталното и монструозно убиство на младата Вања Ѓорчевска од Скопје, се најавува масовен протест под слоганот „Правда за Вања“ организиран од граѓаните и граѓанскиот сектор.

Настанот е закажан за сабота со почеток во 10:00 часот во градскиот парк во Скопје.

Правда за Вања“, „Не заборавајте“, „Стоп за грозоморните убиства“ се само дел од пораките што граѓаните ги пишуваат на социјалните мрежи.

Телото на Вања Ѓорчевска беше пронајдено во неделата, а според полицијата и обвинителството, сторителите на овој монструозен чин се исти како оние што го убија велешанецот Панче Жежовски.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во притвор од 48 часа, кој истекува утре. ОЈО Скопје ќе треба да соопшти дали ќе се бара дополнителна мерка.

На таткото на Вања Ѓорчевска, осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на киднапирање на неговата ќерка, која потоа беше убиена, вчера му е одреден дводневен притвор.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Јавното обвинителство од Скопје соопшти дека е издадена наредба за осомничениот Палчо, кој е во бегство, да спроведе истрага за сторени кривични дела киднапирање и убиство по итна постапка. Основниот кривичен суд денеска му одреди мерка притвор во отсуство, кој ќе почне да важи по апсењето.