НАЈАВИ КОНТРАОФАНЗИВА – Зеленски: Сакам Путин да го помине остатокот од животот во подрум со кофа наместо тоалет
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека сите привремено окупирани области на Украина ќе бидат ослободени, а доколку руските војници не заминат, тие ќе бидат уништени.
„Нема да зборувам за конкретни работи, бидејќи не можеме да им дадеме шанса на терористите од Руската Федерација да се подготват за нашите методи и чекори кон ослободување во спротивно ќе ги уништиме, рече Зеленски при посетата на селото Јахидне во регионот на Черновци.
Претседателот не прецизираше кога вооружените сили ќе бидат подготвени за контраофанзива, но изјави дека армијата се подготвува да биде силна во битка и да ја ослободи земјата.
Се известува и дека на годишнината од ослободувањето на селото Јахидне, Зеленски го посетил училишниот подрум каде руските окупатори држеле цивили како заложници речиси еден месец.
Училиштето заедно со претседателот го посетија германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек, германската амбасадорка во Украина Анка Фелдхузен и Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот.
Гледајќи го местото каде што окупаторите го мачеа локалното население, Зеленски рече дека би сакал рускиот претседател „да го помине остатокот од својот живот во подрум, со кофа наместо тоалет“.