Најатрактивната и најубава баба тврди дека може да го освои секој маж! Им одржа лекција на младите девојки: “Морате да бидете лукави!“
Џина Стјуарт, најпознатата и најатрактивната баба во светот, ги открива тајните на заведувањето.
Џина Стјуарт (52 г.) стекна огромна популарност ширум светот. Таа е позната како најубавата и најатрактивна баба на три внуци. Австралиската убавица сака да се облекува провокативно, а не е тајна дека дневно добива стотици прашања за нејзиниот изглед. Џина верува дека – „не треба да се водиме од луѓето кој велат дека сме стари“, па еднаш ја откри тајната на нејзината младост.
Овој пат Џина откри дека може да го освои секој маж, без разлика дали е помлад или постар од неа. Нејзе и се додворуваат млади мажи кои би можеле да и бидат синови, но таа тврди дека списокот на вештини што им ги нуди на девојките „функционира“ со секој маж.
„Женственоста и мистериозноста треба да бидат главните предности на дамите за време на заведувањето. Бидете малку лукави и не срамете се да ги покажете своите заводливи моќи, искористете ја женската енергија, но никогаш не се откажувајте од себе“, советувала Џина.
Еве список со нејзините совети:
- бидете мистериозни;
- облечете се малку провокативно, но внимавајте да не претерате;
- флертувате на нежен, женствен начин;
- воспостави контакт со очи;
- погрижете се да се насмеете;
- повремено гризете ја долната усна;
- секогаш биди самоуверена;
- никогаш, никогаш не навредувај, дамите не го прават тоа;
- користете мек, нежен допир;
- одете со крената глава, елегантно и малку бавно;
- секогаш мирисајте убаво.
Да потсетиме, Џина претходно откри дека се грижи за себе со кокосово масло, за кое велат дека е одлично за навлажнување на кожата, акни и намалување на воспаленија на кожата.