НАЈБОГАТАТА СРПСКА НАСЛЕДНИЧКА ИМА ВИЛА СО 57 СОБИ: Живее како кралица, а нејзините први соседи се принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Вилата на Тамара Еклстоун на најпрестижната улица во Лондон остави многумина без зборови.
Сместен во Кенсингтон Гарден во Лондон, најскапата улица во британската престолнина, луксузниот дом на ќерката на Берни Еклстоун, поранешен извршен директор на Формула 1 и Славица Радиќ , е проценет на неверојатни 232 фунти или 307 милиони долари.
Иако оваа куќа има дури 57 соби, Тамара во една прилика изјавила дека нејзиниот сопруг Џеј Рутланд, ќерката Софија и таа практично ги користат само спалните, дневната и кујната. Се поставува прашањето, за што служат сите тие други простории?
Тамара и нејзината сестра Петра се наследници на огромното богатство на Берни Еклстон, а нивната мајка Славица Радиќ може да се пофали со значителен имот. По разводот со Еклстоун во 2009 година, таа стана една од најбогатите жени во светот, а се претпоставува дека добила 3 милијарди долари.
Фантастичната куќа е изградена во далечната 1900 година. Таа опфаќа четири ката, плус дополнителни два кои се во подрумот. Вредноста на оваа куќа е речиси тројно зголемена по двегодишниот процес на реновирање кој беше завршен во 2013 година.
Изгледа дека животот бил и е премногу добар за Тамара, која освен што ги троши парите на нејзиниот татко, ги поседува и нејзините козметички брендови Show Beauty, кои се продаваат во продавниците Harrods и Selfridges во Лондон, како и во Њујорк и Дубаи. . Секако, тука е и добротворната работа која ја држи нон-стоп зафатена.
Во склоп на куќата има и трпезарија со прекрасен изглед во која може да се сместат голем број гости, како и детската соба на малата Софија, чиј декор е инспириран од филмот Frozen.
Во слободното време, семејството Еклстоун се релаксира во базенот или парната соба, кои исто така се наоѓаат во внатрешноста на спектакуларната куќа.
Фотографиите покажуваат дека Тамара живее живот достоен за принцеза, а тоа не е чудно бидејќи луксузната куќа се наоѓа на истата улица со бројните резиденции на амбасадите, додека веднаш спроти улицата се наоѓа домот на војводата и војвотката од Кембриџ.