Најбогатиот Германец (2018) ИСЧЕЗНА БЕЗ ТРАГА НА СКИЈАЊЕ: Сега дојде до филмски пресврт на векот – сите се запрепастени (Фото)
Германско-американскиот милијардер Карл-Ериван Хауб исчезна без трага во април 2018 година во Зермат во Швајцарија, еден од најдобрите скијачки центри во светот. Тој во тоа време тренирал за скијачка трка, а последен пат бил виден како едно утро сам се качува со жичницата до врвот на планината, по што никогаш не се вратил во хотелот. Иако властите ги сметаа околностите на неговото исчезнување „мистериозни“, по три години Хауб беше прогласен за мртов. Но, сега има филмски пресврт!
По исчезнувањето на овој тајкун, властите започнаа шестдневна потрага во која пет хеликоптери и планинарски спасувачки тимови го окупираа целиот простор, но телото на овој човек никогаш не беше пронајдено.
Покрај фактот дека немаше тело, сомнеж предизвика и сведочењето на неговиот тренер за скијање, кој изјави дека е чудно да се види „човек кој е многу свесен за безбедноста и подготвеноста“ сам во лифтот во раните утрински часови.
Хауб, еден од најбогатите Германци, беше извршен директор и косопственик на германските супермаркети и малопродажниот гигант Tengelmann Group, а судот во Келн го прогласи за мртов во 2021 година. Зад себе оставил компанија од околу 75.000 вработени, како и сопругата и двете деца. Неговиот помлад брат Кристијан тогаш се заколна на суд дека нема индикации дека Карл, чие богатство се проценува на 5,2 милијарди фунти, сè уште е жив.
Но, неодамнашната истрагата спроведена од германската телевизија RTL доведе до интересни наоди кои ја прават оваа приказна достојна за сценариото на секој возбудлив холивудски филм. Имено, се вели дека Хауб е жив и престојува во Москва, каде живее со својата љубовница Вероника Ермилова (44).
По овие наводи, Кристијан, помладиот брат на Карл, сега е под истрага од обвинителството во Келн поради сомневање дека дал лажни изјави под заклетва. Тој е оној кој ја презеде контролата врз групата „Тенгелман“ по исчезнувањето на неговиот брат и тврди дека ја ангажирал службата за безбедност да ги истражи гласините дека Карл е сè уште жив.
Пред да исчезне, овој Германец 13 пати и се јавил на Вероника за три дена, откри истрагата на РТЛ и „Стерн“. Наводно, повиците биле значајни затоа што траеле долго, а еден траел дури и повеќе од еден час – токму тоа довело до сомнеж дека ја лажирал својата смрт со помош на Ермилова и Москва, пишува „Дејли мејл“.
РТЛ јавува дека во времето кога Карл исчезнал, Ермилова (44) водела агенција во Санкт Петербург која организирала скијање на отворено, планинарење и искачување, но германските медиуми се сомневаат и дека таа е поврзана со руската безбедносна служба ФСБ. Сега нејзиниот профил на LinkedIn наведува дека работи како маркетинг директор во „Russian Event“, компанија за искуство со патувања.
РТЛ јавува дека во времето кога Карл исчезнал, Ермилова (44) водела агенција во Санкт Петербург која организирала скијање на отворено, планинарење и искачување, но германските медиуми се сомневаат и дека таа е поврзана со руската безбедносна служба ФСБ. Сега нејзиниот профил на LinkedIn наведува дека работи како маркетинг директор во „Russian Event“, компанија која се специјализирана за патувања.
Истрагата на Tenglemann Group покажа дека животот на Хауб бил тесно испреплетен со Вероника, за која се верува дека е дваесет години помлада од него и е опишана како „тенка, атлетски градена жена со кафена коса до рамениците, темни очи и топла насмевка“. Инспекторите сугерираат дека постои можност таа да работела за руската тајна служба, но тоа не може да се докаже.
“Karl-Erivan Haub, ..was last seen heading up the mountain at a cable car station one morning in April 2018, but never returned to his hotel.
— artisbrutal2021 (@artisbrutal2021) April 17, 2024
Authorities launched a 6-day search which saw 5 helicopters and teams of alpine rescuers canvas the area, but his body was never found.” pic.twitter.com/PxPd0Mqic1
„Меѓутоа, она што може да се докаже е дека таа секогаш била на истите места во исто време како и Карл-Ериван Хауб. Во јули 2008 година, двајцата биле во Москва и Сочи. Во мај 2009 година и двајцата патувале на истиот ноќен воз од Москва до Санкт Петербург, иако во посебни кабини. Патувањата беа резервирани во исто време и од истата личност. Дополнителни преклопувања помеѓу кратките патувања на Хауб и Ермилова може да се најдат за престојот во Омск (2010), Сочи (2011), Баку (2014) и Москва (2015, 2017). Не е јасно зошто се случувале овие наводни средби, но се чини дека тоа беше романтичен одмор“, велат од истрагата.
Новинарката на RTL, Лив фон Ботиша, верува дека исчезнувањето на Хауб во Швајцарија и неговото наводно појавување во Русија може да се резултат на сомнителни деловни односи што ги имал.
„Се знае дека Карл-Ериван Хауб имал бизнис со сомнителни луѓе во руската економија. Нашата претпоставка е дека бизнисот со Русија би можел да го доведе во неволја на Запад“, вели таа.