„НАЈБОЛНАТА ФОТОГРАФИЈА НА БРУС ВИЛИС ДОСЕГА“ Познатиот актер едвај оди поради тешката болест, а причината поради која станал е …
Актерот Брус Вилис има деменција и афазија (говорно нарушување), а неговата состојба од ден на ден се влошува. Има проблеми и со движењето, но се чини дека има силна волја за живот. Иако му е тешко, Брус станува откако му кажале дека неговата внука го слави својот 1-ви роденден.
Тој бил многу среќен што поминувал време со своето семејство. Ја држел внуката, а ќерката на Брус, Румер Вилис, објави слатка слика од дедото и малото.
“Оваа последна година со тебе беше најдобрата година во мојот живот. Лу, никогаш не знаев што е љубов додека не те запознав. Ти си најслатката, најубавата, најпаметната, најзабавната девојка што ја знам. Не ми се верува дека сум одбрана јас да ти бидам мајка “, напишала Румер.
Таа во коментарите наиде на еден куп убави желби по повод роденденот на малото девојче, но и емотивни зборови упатени до познатиот актер.
„ Ми се допаѓа сликата од неа и вашиот татко. Колку е слатка “, „Сликата со Брус е толку убава“, „Ова е најслатка“, „Среќна прва година!“, напишаа тие.