Државниот совет ја отфрли колективната жалба на муслиманските фудбалерки познати како „Les Hijabeuses“ против одлуката на Француската фудбалска федерација (ФФФ) за забрана на носење шамии во 2016 година.
Највисокиот административен суд во Франција во четвртокот пресуди против колективот муслимански фудбалерки во нивниот случај против Француската фудбалска федерација (ФФФ) и на тој начин ја потврди забраната за носење шамии или хиџаб за време на натпреварите, јавува Anadolu.
Државниот совет ја отфрли колективната жалба на муслиманските фудбалерки познати како „Les Hijabeuses“ против забраната на ФФФ за носење шамии од 2016 година.
Спортските федерации, одговорни за правилно функционирање на јавниот сервис чие управување им е доверено, можат на своите играчи да им наметнат обврска за неутралност во облеката за време на натпреварувањето“, се вели во соопштението на судот.
Судот наведе дека спортските федерации подлежат на „должност на непристрасност“ и дека вработените во федерацијата не треба да ги изразуваат своите лични убедувања и мислења.
Според одлуката на судот, фудбалерите нема да можат да носат шамии на натпреварите кои се во надлежност на ФФФ.
Во пресудата се вели дека „забраната што ја изрече ФФФ е соодветна и пропорционална“.