Највисокиот украински командант си ја отвори душата и призна се: “Да, напаѓаме руска територија! Па, ние сме во војна, што мислевте вие ?“
Во интервју за американскиот весник Washington Post, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни призна дека имало украински напади на руска територија.
„Тоа е наш проблем, а наше е да одлучиме како да го уништиме овој непријател. Во војна, можно е, па дури и неопходно да се убие на територијата на непријателот“, рекол тој.
Артилериски оган и оган од беспилотни летала од Украина се најчестите и повторливи цели на руските погранични области.
Новинарот на американскиот весник забележал дека властите во Киев обично не ги признаваат прекуграничните напади.
Валериј Залужни вели дека оружјето произведено во Украина се користи во чести прекугранични напади.
„Ако нашите партнери се плашат да го употребат своето оружје, ние ќе убиеме со своето“, рекол Валериј Залужни, алудирајќи на условот што го наметнаа западните сојузници дека доставувале оружје на сојузниците не смее да се користи за напади на руска територија.
„Зошто, за да го спасам мојот народ, треба да барам дозвола од некого што да правам на непријателска територија ?“, праша Валериј Залужни.
Во текстот објавен во весникот пишува и дека Валериј Залужни сака да го врати црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, на украинска територија.
„Штом имам средства, ќе направам нешто. Не ми е гајле – никој нема да ме спречи“, цврсто заклучил тој.