Најгледани 20 евровизиски видеа во мај

На официјалниот евровизиски канал на „Јутјуб“, објавени се најгледаните 20 евровизиски видеа во месец мај.

Најгледан е настапот на победничката песна годинава, што ја претставуваше Швајцарија – „Код“ (Code) од Немо. Потоа следуваат настапите на Хрватска, Холандија, Франција, Украина. Шесто најгледано видео на официјалниот евровизиски канал е спотот за песната што ја претставуваше Холандија годинава на „Евровизија“.

Седмо, осмо и девето најгледано видео се настапите на Ирска, Финска и на Грција. Десетто најгледано видео е спотот за песната „Код“.