Најголемата меѓународна воена вежба ќе започне оваа недела во Косово

Почнувајќи од 21 мај до 2 јуни, Косово ќе ја пречека најголемата меѓународна воена вежба во балканскиот регион.

„Дефендер Европа 2023“ ќе ги потврди капацитетите на два полка на Косовските безбедносни сили и ќе го демонстрира степенот на воена интеракција на КБС со силите на државите партнери.

На овој начин КБС уште еднаш ќе покаже дека е подготвена да придонесе во секоја мисија на НАТО.

Свеченото отворање на оваа воена вежба ќе се одржи во недела, а на плоштадот „Скендербег“ во Приштина ќе присуствуваат косовските државни лидери и американски претставници.

Defender 23 е годишна, мултинационална, заедничка вежба насочена од американско-европската команда, дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност помеѓу Соединетите Држави, НАТО и земјите партнери.

Во оваа воена вежба ќе учествуваат приближно 9.000 американски војници и околу 17.000 војници од 26 сојузнички и партнерски земји.

Минатата година Албанија беше еден од домаќините на „Дефендер Европа 2023“.