Бродот „Логос хоуп“, кој моментално е дел од германската добротворна организација „Good Books For All“ (Добри книги за сите) е изграден во 1973 година.
Најголемата пловечка библиотека во светот, „Логос хоуп“, се закотви во пристаништето Акаба, на југот на Јордан.
Според информациите што новинарот на АА ги доби од пристанишните власти во Акаба, бродот со околу 370 волонтери од различни земји пристигнал на пристаништето во 9:30 часот по локално време.
Најголемата пловечка библиотека во светот која содржи илјадници примероци книги на различни теми од областа на науката, спортот, уметноста и литературата, ќе биде отворена за јавноста од утре до средината на февруари.
Пловечката библиотека, која во декември се закотви во бејрутското пристаниште во Либан, од 4 до 23 јануари беше отворена за јавноста во Порт Саид, Египет.
Бродот „Логос хоуп“, кој моментално е дел од германската добротворна организација „Good Books For All“ (Добри книги за сите) е изграден во 1973 година.