Најголемите градови во Србија се „парализирани“, возачите ги запираат автомобилите на средина од патот – одбиваат да се движат
Утрово во неколку градови во Србија беа организирани сообраќајни блокади поради полициска бруталност за време на претходните протести.
Неочекувана солидарност дојде од возачите во Белград кои одбија да го преминат патот и покрај тоа што полицијата го деблокираше.
Според организаторите, протестот е одговор на зголеменото насилство од страна на властите и партијата на Александар Вучиќ и повик за правда, како и почитување на граѓанските права, јавуваат српските медиуми .
Поради оваа причина, студентите ги повикаа граѓаните да протестираат денес и да бидат блокирани Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.
Се известува дека официјалната блокада во Белград започнала во 7 часот наутро, а на едно од местата, српската жандармерија преместила дел од толпата од патот за да можат да поминат возилата.
Сепак, во знак на поддршка, возачите не продолжија да возат, целосно блокирајќи го патот.
Dobro jutro. Žandari sklonili građane, vozači odlučili da NE nastave vožnju. Ja sam se prevrnula 🤣 pic.twitter.com/U6fsAPQKKh
— metla bez drške (@DucaVisko) July 4, 2025