Францускиот актер и режисер Винсент Касел неодамна беше фотографиран во друштво на својата нова девојка – Нара Баптист.
Да потсетиме, пред неколку недели светот беше изненаден од веста дека францускиот актер се разведува од 26-годишната Тина Кунаки. Иако двајцата се уште не ја потврдиле оваа информација, јасно е дека на нивната шестгодишна љубов и дојде крајот.
Освен што Касел ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи на поранешната сопруга, сега се фотографираше во друштво на својата нова девојка – Нара Баптиста (27-годишен модел со бразилско и австралиско потекло).
Како што можете да видите, младенците уживале во сончевите денови на Рио и не се одвојувале еден од друг. Изгледа дека „најгрдиот заводник“, како што го нарекуваат многу коментатори на социјалните мрежи, брзо ја преболел претходната сопруга.,
