Доколку чувствувате настинато или веќе имате грип, подгответе ја оваа неверојатна супа која ќе ве излечи за кратко време.
Состојки:
2 путери
1 главица кромид
2 стебленца целер
2 моркови
1 цела главица лук плус 3 чешниња
1 ½ литар пилешка супа
1 мајчина душица
неколку коцки пилешко
сецкан лиснат зеленчук или друг зеленчук по ваш избор
оцет или сок од лимон
морска сол и бибер по вкус
Подготовка:
Растопете го путерот на средно-тивок оган. Додадете целер, моркови, коцки кромид и малку морска сол. Пржете во путер 5 минути. Лукот исечкајте го, но тргнете на страна 3 чешниња лук. Во смесата со зеленчук се додава лукот, се пржи уште 1 минута, се додава мајчината душица и зеленчукот. Истурете сè во супата и оставете да зоврие, намалете ја температурата и оставете да се крчка 10 минути.
Додадете го свареното пилешко, малку оцет или сок од лимон и зачинете ја супата со сол и бибер.