Најдобар чај за несоница и релаксација: Заборавете на таблетите, земете природен лек за проблеми со спиењето
Ако имате проблеми со спиењето, тогаш овој чај е вистинското решение за вас.
Кога сме соочени со замор, несоница, стрес и нервоза, често бараме природни начини за ослободување и релаксација. Многумина од нас барем еднаш во животот се сретнале со овие проблеми, а често првото нешто што ни паѓа на памет е чајот кој може да не смири и да не подготви за сон. Еден од таквите чаеви е чајот од валеријана, кој има својства кои помагаат да се опушти и смири телото пред спиење.
Дејството на валеријана
Валеријаната се користи во форма на корен и може да се конзумира како чај или како есенцијално масло. Етеричното масло од валеријана има поконцентрирана моќ од чајот, па затоа е доволно да земате само неколку капки два до три пати на ден. Можете да пиете чај од валеријана по потреба, а препорачаната доза е до три шолји чај дневно.
Трпението е клучно
Важно е да се напомене дека валеријаната делува бавно, затоа не очекувајте вашите проблеми да се решат веднаш откако ќе испиете една шолја чај. Потребно е да се биде трпелив и да се даде време лековите од валеријаната да се акумулираат во организмот. Само кога ќе се постигне доволна концентрација во телото, може да очекувате подобрување на општата состојба и смирувачки ефект врз сонот.