Најдобрата салата од печурки за Митровдан! прилог кој ќе го комплетира посниот оброк со прелив кој ќе го обожавате

Посна салата со шампињони е совршен избор за посна празнична трпеза, бидејќи е вкусна, лесна и освежителна.

Салата од печурки со маслиново масло и прелив од лук во која се додава оцет е одличен избор за посен оброк , како прилог или салата.

Состојки:

  • 300 гр шампињони
  • 6 супени лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици соја сос
  • 1,5 лажици јаболков оцет
  • 2 ловорови листови
  • 1/2 лажичка мелена пиперка
  • 1/3 лажичка ким
  • бибер и сол по вкус
 

Подготовка: 

За да ги направите овие печурки, зовријте вода во тенџере, посолете по вкус, малку зрна црн пипер и ловоров лист. Додадете ги целите печурки и варете 10-15 минути.

За маринадата измешајте сечкан лук, ситно сечканиот магдонос, соја сос, мелена пиперка, ким, оцет, маслиново масло и ловоров лист. Сварените печурки ставете ги во цедалка и оставете да се исцеди вишокот течност. Ставете ги во маринадата и убаво измешајте.

Покријте со фолија и ставете во фрижидер 12 часа добро да се маринираат. Повремено протресувајте го садот за рамномерно да се распореди маринадата. После тоа, послужете и уживајте.