Најдобриот играч на ПСЖ го донесе трофејот од Лигата на шампионите пред натпреварот со Ѓоковиќ! Навивачите скандираа: „Златна топка за него” (видео)
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, се појави со трофејот од Лигата на шампионите на теренот „Филип-Шатрие“ на Ролан Гарос пред натпреварот на Новак Ѓоковиќ со Британецот Камерон Нори.
ПСЖ го победи Интер со 5:0 во финалето одиграно во Минхен во саботата, а Дембеле одигра клучна улога со асистенција за вториот гол и важен придонес во нападот.
Со оглед на тоа што во исто време се игра и Ролан Гарос во Париз, најдобриот играч на ПСЖ го донесе трофејот од Лигата на шампионите на централниот терен, за да може домашната публика да го прослави големиот успех на Парижаните.
Публиката го поздрави Дембеле со стоечки овации и му скандираа „Златна топка“ со громогласен аплауз.
Со осум гола и шест асистенции во 15 натпревари, Дембеле го предводеше ПСЖ до титулата во Лигата на шампионите, а вкупно, во 49 натпревари за Парижаните оваа сезона, постигна 33 гола со 15 асистенции.