НАЈДОБРИОТ ПИЈАЛОК ЗА ХИДРАТАЦИЈА СЕПАК НЕ Е ВОДАТА – Еве што покажуваат истражувањата

Истражување од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди реакциите на хидратација на неколку различни пијалоци.

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата. Истражување од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди одговорите на хидратација на неколку различни пијалоци. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите информации млекото е сепак подобро.

Според Роналд Моган, професор на Св. Ендрјус и авторот на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок. Исто така, еден од факторите е нутриционистичкиот состав на напитокот, пишува Klixba.

Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.

Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација што се користат за лекување на дијареа. Тие содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во промовирање на задржување на водата во телото.