Иако е познато дека јаткастите плодови имаат бројни здравствени придобивки, помалку е познато дека некои од нив можат да помогнат и во намалувањето на крвниот притисок. Здравата исхрана игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето, а одредени видови храна можат да имаат изненадувачки моќен ефект. Меѓу нив, се издвојува едно овошје, кое, иако е мало, нуди одлична хранлива вредност и поддршка за крвните садови.
Станува збор за ф’стаци, јаткаст плод богат со калиум, здрави масти и растителни влакна. „Ф’стаците се одличен избор за здравјето на срцето, особено кога се јадат несолени“, објаснува нутриционистката Андреа Матис за EatingWell. Само една порција содржи речиси 300 милиграми калиум, кој му помага на телото да го исфрли вишокот натриум и да ги опушти крвните садови, што придонесува за намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, ф’стаците содржат минимален натриум, што ги прави уште посоодветни за исхраната на луѓе со висок крвен притисок.
Тие се богати со антиоксиданси кои помагаат во борбата против хроничните воспалителни процеси
„Ф’стаците се богати со мононезаситени масти кои имаат корисен ефект врз холестеролот – намалувајќи го „лошиот“ LDL и зголемувајќи го „добриот“ HDL. Овие здрави масти, исто така, ја поддржуваат флексибилноста на артериите и здравата функција на клетките што ги обложуваат крвните садови, со што придонесуваат за подобра циркулација и намалување на воспалението“, објаснува нутриционистот.
Дополнително, ф’стаците се богати со антиоксиданси како што се витамин Е и лутеин, кои помагаат во борбата против хроничните воспалителни процеси поврзани со висок крвен притисок.
Иако ф’стаците можат да бидат корисен дел од вашата исхрана, Матис ја нагласува важноста на холистичкиот пристап кон здравјето на срцето.
„Ова вклучува исхрана богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки, редовна физичка активност, избегнување на пушење и умерено внесување алкохол. Исто така, ф’стаците лесно можат да се вклучат во вашата дневна исхрана – или како здрава ужина или како додаток во салати и други јадења“, заклучува нутриционистот.