Доколку сакате вашиот одмор да биде совршен, незаборавен и рајски, порталот European best destinations избра 15 совршени дестинации за летување.
Ова се местата во Европа каде можете да заборавите на сите грижи и да ги наполните батериите, а Котор е на врвот на таа листа.
Првото место го зазеде Мадеира, Португалија. Овој остров е скапоцен камен на туристичката индустрија во Европа. Оваа дестинација е совршена за оние кои сакаат да се релаксираат, пазарат, шетаат. На второ место е Капри, Италија.
– Капри не е само игралиште за богатите и славните, туку е и еден од најубавите острови во Европа. Џеки Кенеди и Софија Лорен оделе во Капри за да уживаат во неговата недопрена природа и сини води – наведуваат на порталот.
На трето место се најде грчкиот Крф, прекрасен остров од околу 600 квадратни километри на кој напролет цветаат орхидеи.
Четвртото место го зазеде Котор, а како што пишува познатиот туристички портал, тоа е место кое е вистински мал рај на земјата. Наградена е како една од најубавите дестинации во Европа. Ако беше непознато пред неколку години, денес Котор станува се попопуларен и многу патници ја сакаат оваа шармантна и автентична дестинација. Котор вреди да се посети, особено за време на неговиот меѓународен летен карневал (на крајот на јули).
Погледнете ја листата на 15 рајски места во Европа:
1. Мадеира, Португалија
2. Капри, Италија
3. Крф, Грција
4. Котор, Црна Гора
5. Острови Ајор, Португалија
6. Омиш, Хрватска
7. Островот Сими, Грција
8. Ровињ, Хрватска
9. Асос, Грција
10. Лофотен, Норвешка
11. Алгарве, Португалија
12. Фарски Острови, Данска
13. Позитано, Италија
14. Процида, Италија
15. Островот Камео, Закинтос, Грција