Во народната медицина валеријаната е позната како средство кое ги опушта нервите и ја ублажува депресијата, но всушност ова растение е лек за многу други состојби.
Оваа билка е природен антидепресив, седатив, хомеопатски, аналгетик, диуретик и антиоксиданс. Во народната медицина се користи уште од времето на античка Грција.
Тинктурата од валеријана го ублажува хроничниот замор, главоболката, стомачните проблеми, стравот и хипохондријата, ги ублажува симптомите на астма, болките во мускулите, но помага и за регулирање на крвниот притисок, а дополнително ги отстранува и менструалните болки.
Растението е препорачливо и особено корисно за одвикнување од пушење.
Во стаклено шише од 1,5 литар сипете 1 литар 40% алкохол, па додадете 50 гр. сечкан корен од валеријана и оставете го да отстои 10-12 дена.
Подготвената тинктура чувајте ја на темно место. Тинктурата се зема со вода или шеќер. Во лажица истурете околу 30 капки тинктура и малку шеќер и земајте 2-3 пати на ден.