Во таканаречените сини зони (области со невообичаено долг животен век), појадокот е исклучително важен, тврди истражувачот за долговечност Ден Буетнер. Врз основа на неговото истражување и времето поминато на места како Окинава, Јапонија и Сардинија, Италија, Буетнер верува дека првиот оброк во денот е клучен за долг и здрав живот.
„Имаме една изрека: „Јади појадок како крал, ручај како принц и вечера како сиромав“, изјави Буетнер за CNBC минатата година.
„Во сините зони, луѓето јадат најмногу за појадок, а оброците стануваат полесни во текот на денот. Тие често вечераат рано, а потоа не јадат ништо до појадокот следниот ден.“
Сепак, појадокот што се јаде во сините зони нема никаква сличност со она што често се консумира на Запад.
„Луѓето треба да избегнуваат она што најчесто ни се нуди за појадок, како што се колачиња со шеќер, житарки полни со шеќер, ароматизирани јогурти и гранола чоколатца“, вели Буетнер.
„Наместо тоа, вреди да се следат сините зони и да се јаде обилен, хранлив појадок“, додава тој.
Бутнер препорачува да го започнете утрото со овие намирници, исто како и најдолгоживеаните луѓе во светот:
- грав
- зеленчук
- ориз
- овошје
- мисо
- овес
„Често јадам супа од минестроне полна со зеленчук и грав за појадок“, вели Буетнер.
„Јади вака појадок една недела, супа од минестроне или ориз со грав, и види како ќе се чувствуваш.“