– Најмалку девет лица загинаа во пожар што избувна денес во дом за лица со посебни потреби во североисточна Франција.
Локалните медиуми јавуваат дека пожарникарите евакуирале 17 лица и извлекле тела на девет мртви.
За несреќата на социјалните мрежи се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Моите мисли се со жртвите, повредените и нивните семејства“, рече тој и им се заблагодари на спасувачките тимови за нивните напори.
Порака со сочувство прати и француската премиерка Елизабет Борн, која најави дека во текот на денот лично ќе го посети местото на пожарот.
Станува збор за приватен центар посветен на грижа за лица со посебни потреби, кој се наоѓа во градот Винценхајм и го користи група од блискиот град Нанси, според БФМТВ.
Пожарникарите го ставиле пожарот под контрола, но огнот брзо се проширил и зафатил три петтини од зградата.