– Најмалку 10 лица се повредени во руски ракетен напад во текот на ноќта во централниот украински град Днепар.
„Бројот на повредени во ракетниот напад на Днепар се зголеми на 10. Сега, три лица се во болница“, напиша гувернерот на Днипропетровск, Сергиј Лисак, на Телеграм.
„Меѓу повредените има и 55-годишна жена и двајца мажи на возраст од 33 и 48 години“, рече тој.
Во првичната изјава, Лисак нагласи дека транспортен објект во градот е уништен и дека седум лица се повредени, од кои тројца мажи и четири жени на возраст од 32 до 55 години.
„Повеќето од нив имаат рани и повреди од шрапнели“, истакна тој, додавајќи дека шестмина од повредените се хоспитализирани.
Лисак, исто така, рече дека биле оштетени и десетина објекти, вклучувајќи банка, бензинска пумпа, хотел, земјоделска компанија, компанија за производство на мебел и административна зграда.
Во тековната руско-украинска војна, што започна во февруари 2022 година, загинаа над 9.400 цивили, а повеќе од 16.900 беа ранети, според најновите податоци на ОН.