Повеќе од десет гости на ресторан во американската сојузна држава Њу Хемпшир се повредени кога автомобил после судар влетал во ресторанот.
На објектот е причинета значителна материјална штета.
Брзата помош превезла 14 повредени во болници, а никој не е во животна опасност.
На местото на настанот биле прегледани уште 20 лица, но не им било потребно болничко лекување, соопшти итната помош