Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа вториот ден од Курбан Бајрам

– Најмалку 17 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа во утринските часови вториот ден од Курбан Бајрам.

Според информациите добиени од локални извори, 12 лица се убиени, а повеќе од 40 лица се повредени во нападот на израелската војска врз шаторите во кои се сместени раселени цивили во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Се истакнува дека меѓу убиените се и четиричлено семејство, мајка, татко и нивните две деца.

Израелската војска отворила оган врз цивилите кои чекале да добијат хуманитарна помош во западниот дел на градот Рафа. Во нападот се убиени најмалку 5 Палестинци, а има и голем број ранети.

На 115 се зголеми бројот на Палестинци кои се убиени од страна на израелските војници додека се обидувале да дојдат до храна од 27 мај, додека бројот на повредени надмина 580. Локални извори информираат дека 9 лица сè уште се водат за исчезнати како резултат на овие напади.

Првиот ден од Курбан Бајрам, Израел уби 33 Палестинци во воздушни и копнени напади врз различни делови на Појасот Газа.