– Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во Мексико. Несреќата се случила откако автобус излетал од патот и паднал во провалија.
На автопатот Тепик – Пуерто Ваљарта во мексиканската држава Најарит, на југот од земјата, автобус излетал од патот и паднал во провалија откако возачот ја загубил контролата над возилото.
Во несреќата животот го загубиле 18 лица, меѓу кои 11 жени, а 33 се повредени.
Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека автобусот го напуштил Халиско и се движел кон местото Компостела, во околината на градот Гвадалахара.
Во тек е истрага во врска со несреќата. На објавените снимки се гледа дека автобусот е целосно уништен.
Според податоците на мексиканската институција, Мексико се наоѓа на 7. место во светот и на 3. меѓу земјите од Латинска Америка според бројката на сообраќајни несреќи со смртни последици.