– Најмалку 20 лица загинаа кога камион се судри со автобус што превезувал рудари во неделата вечерта во провинцијата Лимпопо на северот на Јужна Африка.
Порталот „Тајмс лајф“ пренесе соопштение од локалната безбедносна компанија Арезвот Протекшн Сервис, во кое се вели дека повеќето патници во автобусот загинале на местото на несреќата.
Безбедносната компанија соопшти дека несреќата се случила на патот меѓу Ниани и Мусина, на неколку километри од јужноафриканската граница со Зимбабве.
„СА Тракер“, онлајн магазин за камионџии во Јужна Африка, известува дека автобусот и камионот се запалиле од силината на ударот.
Во судирот учествувал автобус што превезувал рудари од рудникот Венеција, најголем производител на дијаманти во Јужна Африка.