– Најмалку 21 лице, вклучително и шест деца, загинаа во Сомалија во поплавите во текот на минатата недела, соопштија Обединетите нации.
Речиси 100.000 луѓе се погодени од обилните дождови и поплавите кои ги погодија областите претходно погодени од екстремно тешка суша во регионот Гедо во јужна Сомалија, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
Поплавена е област во близина на границата со Етиопија каде поради обилните врнежи се излеале реките Шабел и Џуба.
Во поплавите уништени се институциите за пружање медицинска помош, соопшти сомалиската Национална агенција за вонредни ситуации.
Според оваа агенција, населението во близина на двете реки било предупредено на опасност од поплави.
ОН соопштија дека поплавите уништиле четири училишта и 200 полски тоалети. Поради уништувањето на училиштата, 3.000 деца не можат да следат настава.
Поплавени се и над 1.000 хектари земјоделско земјиште.