Напад со дронови предизвика пожар во нафтена рафинерија во руската област Самара

Украински беспилотни летала синоќа нападнаа две нафтени рафинерии во руската област Самара, што предизвика пожар во рафинеријата Кујбишев. Во нападот нема жртви, изјави началникот на областа, Дмитриј Азаров.

Тој истакна дека пожарот што избувна во единицата за примарна преработка на нафта во рафинеријата Кујбишев е изгаснат, соопшти прес-службата на регионалната влада.

Азаров рече дека нападот со беспилотно летало врз рафинеријата за нафта во Новокујбишевск бил одбиен и не била предизвикана штета