Најмалку 60 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиштето во Конго

– Најмалку 62 лица загинаа како последица на невремето во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила откако силните дождови во текот на ноќта во вторникот предизвикале поплави и лизгање на земјиштето, поради што жителите биле принудени да копаат низ калта за да ги пронајдат телата на жртвите.

Лизгањето на земјиштето проголта куќи, цркви и патишта, уби цели семејства и остави многу луѓе без покрив над главата, наведуваат британски медиуми.