„Примивме 70 лица, за жал, некои починаа. Пациентите беа со изгореници и труење со јаглерод моноксид. Потоа беа префрлени во Клиничката болница во Штип, а некои од таму беа испратени во Скопје. Моментално имаме 20 пациенти со поблаги симптоми. Многумина ги загубија животите, но додека не се заврши идентификацијата, не можеме да соопштиме точен број на жртви. Починатите се на возраст од 14 до 24 години“, изјави директорката на болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова.
Директорката на кочанската болница д-р Кристина Серафимова на прес-конференција изјави дека загинатите во пожарот во дискотеката синоќа се од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани. Таа рече дека жртвите биле на возраст меѓу 14 и 24 години. Таа вели дека првиот повик го добила во 2 часот и 48 минути, а болницата веднаш била мобилизирана.