Најмоќните пијалоци за душата и телото! Тие го штитат вашето здравје и го олеснуваат вашиот стрес

Без разлика дали сакате да се опуштите, да ја зајакнете енергијата или едноставно да уживате во моментот, постојат пијалоци кои не само што ви помагаат да се освежите, туку и да ги балансирате телото и умот и одлично делуваат против стресот и нервозата.

Од гледна точка на емоциите, стресот најчесто се манифестира преку присуство на негативни чувства. Присуството на интензивни негативни емоции е од клучно значење во реакцијата на стресот, бидејќи тие се предизвикувач за сите други симптоми на стрес . Поради стрес, човекот прво доживува негативни емоции, а потоа и други симптоми.

Постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме или елиминираме штетните ефекти од секојдневниот стрес, а тоа може да бидат психотерапија, спортување или хоби, како и бројни методи и техники против стрес (јога, автоген тренинг, медитација) и здрава храна .

Ви претставуваме некои од најдобрите пијалоци кои можат да ви помогнат да ги опуштите умот и телото.

Најдобрите пијалоци за душата и телото 

Лимон и ѓумбир 

Топлата вода во комбинација со лимон и исечен ѓумбир е одличен начин за стимулирање на варењето. Ѓумбирот е богат со антиоксиданс gingerol, кој помага да се елиминираат штетните материи што ги произведува нашето тело кога сме загрижени, па затоа ѓумбирот помага и во намалување на психолошкиот стрес.

Подготовка на напитокот: Измијте го и излупете го коренот од ѓумбир. Потоа изрендајте го или исечкајте го коренот на парчиња од 2 см. Прелијте со половина литар врела вода и оставете да отстои 15 минути. После тоа, процедете и додадете парче лимон!

Зелен чај 

Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои помагаат во спречување на речиси сите болести од настинка и грип до рак. Зелениот чај исто така го намалува нивото на холестерол и помага во намалувањето на брчките.

Најголема корист од чајот ќе добиете ако пиете свежо сварен чај, кој е оставен помеѓу три и пет минути. Исто така, добро е да се промешува за да се ослободи повеќе катехини, активни состојки во чајот.

Различни смути од овошје и зеленчук 

Смути е познат пијалок кој помага за имунитетот и ве одржува здрави бидејќи е богат со моќни витамини и хранливи материи. 

Тој е идеална поддршка за одржување на зглобовите и помага во одржување на густината на коските. Еве еден рецепт кој ќе обезбеди доволно хранливи материи. 

Состојки:

  • 1 чаша јогурт
  • 1 шолја свеж спанаќ
  • 1 зрела банана
  • 1 лажица мед
  • половина чаша млеко
  • половина чаша коцки мраз

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер додека не ја добиете саканата конзистентност.