Најмоќните состојки кои ги смируваат грлото и белите дробови! Бананите, водата и медот помагаат при кашлица и бронхитис (фото)

Третманот на хронична кашлица и бронхитис отсекогаш бил проблематичен, како за традиционалната така и за современата медицина.

Овој рецепт содржи некои од најмоќните состојки, кои го смируваат грлото и белите дробови, а можат да помогнат против кашлица и бронхитис во најкус можен рок.

Благодарение на карактеристиките на медот и  бананата , кои се главните состојки на овој рецепт, ќе можете да го дадете овој лек не само на возрасните, туку и на децата. Во исто време, ќе го пиете лекот и ќе уживате во неговиот вкус. Со оваа напивка ќе се ослободите од болки во грлото, силна кашлица, па дури и стомачни проблеми.

Еве како да го подготвите

Состојки:

– 400 мл врела вода

– 2 зрели банани со средна големина

– 2 лажици мед

Подготовка:

Најпрво излупете ја бананата и изгмечете ја. Потоа ставете ги бананите во тавче и додадете зовриена вода и промешајте. Оставете ја смесата да отстои 30 минути. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Смесата можете да ја процедите (или не мора). Важно е медот да се додаде на крајот, за да не ги изгуби сите важни својства.

Дозирање: Земете 100 ml од овој напиток 4 пати на ден (вкупно 400 ml на ден).

Количината дадена во рецептот е доволна за еден ден, а следното утро можете да подготвите свежа доза. Ќе почувствувате олеснување во рок од 3 дена.