Најновата фотографија ја „воскресна“ приказната за разводот на Мишел и Барак Обама: „Ни на слика не можат да се доближат“

Барак и Мишел Обама го слават роденденот на нивната најмлада ќерка, и покрај гласините за проблеми во нивниот брак. Имено, нивната ќерка Саша наполни 24 години.

Мишел Обама сподели фотографија од семеен одмор на својот Инстаграм и испрати емотивна порака до Саша:

„Среќен роденден на моето слатко девојче, Саша! Не можам да верувам колку брзо помина времето. Многу сум горда на жената во која се претвори. Те сакам засекогаш!“ — напиша Мишел.

Коментарите на мрежата „X“ истакнуваат дека забележале дека дури и на сликите тие повеќе не стојат еден до друг.

Барак и Мишел се во брак 32 години, но во последните месеци се соочуваат со постојани гласини за состојбата на нивната врска.

Минатиот месец, Мишел ги отфрли шпекулациите за брачни проблеми и директно се осврна на гласините за време на гостувањето во подкастот „Дневникот на еден извршен директор “ .

„Да имав проблеми со мојот сопруг, сите ќе знаеја за тоа“, изјави таа.Мишел Обама

Нивната постара ќерка, Малија, исто така одлучила да не го користи презимето Обама професионално и сега се претставува како Малија Ан.

Мишел јавно ја поддржа одлуката на Малија, велејќи дека сака нејзината ќерка „само да си го трасира патот“ и „да го изгради својот идентитет“.

Гласините за брачни проблеми беа дополнително поттикнати од отсуствата на Мишел од неколку големи настани оваа година – вклучувајќи ја претседателската инаугурација во јануари и погребот на поранешниот претседател Џими Картер.

Во март, Мишел, исто така, ги пропушти нивните вообичаени места покрај теренот на НБА Ол-стар натпреварот.

Сепак, двојката беше забележана на заедничка вечера во Њујорк пред две недели, а вечераше и заедно во Вашингтон еден месец претходно.

Социјалните медиуми и таблоидите продолжија да шират тврдења дека двојката може наскоро да се разведе.

Во неодамнешен подкаст, Мишел откри дека оди на терапија за да ѝ помогне да премине во она што таа го нарекува „следната фаза“ од нејзиниот живот.

За време на епизодата, таа призна дека бракот е „тежок“ и за неа и за поранешниот претседател, но додаде:
„Не би го променила. Тој е, како што велат младите… моја личност“.Барак и Мишел Обама

Фото: Profimedia/Shutterstock Editorial

„Убавината на мојот сопруг и нашето партнерство е во тоа што ниту еден од нас никогаш не помислил да се откаже, бидејќи тоа едноставно не е во нашата природа. Го знам тоа за него, а и тој го знае тоа за мене.“

Мишел со години отворено зборува за своите брачни предизвици, особено сега преку нејзиниот нов подкаст IMO (Според моето мислење) , кој го води со својот брат Крег Робинсон.

Таа, исто така, зборуваше за тоа како е во „празен дом“ сега кога нејзините ќерки се пораснати и дека ѝ е потребна „помош“ кога наполни шеесет години.

„Во овој момент од мојот живот сум на терапија бидејќи минувам низ транзиција, знаете?“, рече таа во една епизода од подкастот „Он д Џеј Шети“ .

„Имам 60 години, зад мене е многу тежок период низ кој поминав со моето семејство заедно, моите деца пораснаа, и запловија во животот.“