Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) влезе во 13-ти ден, а полицијата продолжува да го пребарува Бањско поле и околните села, но за жал се уште нема напредок.
Досега се пријавени 400 траги кои биле пронајдени во службеното возило на ЈКП „Водовод“, за кое постои сомневање дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ при извршување на делото . Според неофицијални информации, во наредните денови ќе бидат пријавени уште 100 траги од автомобилот .
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.
Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај.
Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ била донесена во обвинителството и го искористила правото да не сведочи.
Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови. Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.