Најнови информации за Бориша Симаниќ: Херојот на Србија станува подобар, почнал и да јаде… (фото)

Закрепнувањето на Бориша Симаниќ оди во добар правец! Херојот на Србија станува подобар, па почнал сам да јаде.

Српскиот репрезентативец на натпреварот против Јужен Судан доби силен удар од Нунио Омото, по што итно беше опериран.

За жал, имаше компликации во постоперативниот тек, па Бориша повторно беше опериран во неделата и во таа прилика му беше изваден бубрегот.

Веруваме дека вестта за подобрување на состојбата на Бориша ќе биде дополнителен мотив за неговите соиграчи да играат за Симаниќ во преостанатите натпревари и да му хи посветат победите па и титулата.