Најопасната работа на светот? Работник ги „молзи“ скорпиите за нивниот отров, а заработката е неверојатна
Кога станува збор за нај опасните професии, особено се издвојува следната. Овие редови ги посветуваме на таканаречените фарми на скорпии каде што се одгледуваат злобните суштества со цел да се вади отров.
Следната снимка предизвика возбуда на интернет, при што корисниците ја опишуваат како „фасцинантна“ и „застрашувачка“, пренесува Times Now News.
Did you know?
— Massimo (@Rainmaker1973) March 20, 2025
Scorpions farms do exist.
Each scorpion produces about 2 milligrams of venom daily, which is milked using a pair of tweezers and tongs. A liter is worth $10 million, used for cosmetics and medicinespic.twitter.com/Spfierr58i
Каде се користи?
На интернет можете да дознаете дека секоја скорпија произведува околу два милиграми отров дневно, кој се „молзи“ со помош на пинцети и специјални држачи.
Еден литар од отровот наводно се продава за милиони долари на светскиот пазар, а понатаму се користи во медицината и козметичката индустрија.
Гледачите беа воодушевени од снимката на фармата и целата приказна, а нивните коментари кажуваат се.
„Мало суштество, но лудо вредно“
„Комплексноста на природата никогаш не престанува да ме воодушевува“, „Интригантно е како и најмалите суштества можат да дадат вредни придонеси за науката“, „Мало суштество, но лудо вредно“, „Скорпиите буквално вредат злато“, беа дел од пораките.
Некои беа изненадени кога видоа работници како го поминуваат своето време на фарми , со илјадници отровни суштества кои лазат пред нивните нозе.
„Кошмар! Никогаш не би можел да го направам ова“, напиша едно лице.