Најпознатата глумица од филмовите за возрасни зборуваше за Никола Јокиќ и Денвер Нагетс: “Го ‘исчистија подот’ со Лејкерси, а сега ми се…“
Одличната игра на Никола Јокиќ и неговиот клуб, Денвер Нагетс, ја воодушевија дамата која им е позната на момчињата ширум светот како една од најуспешните актерки за возрасни.
Србинот Никола Јокиќ за прв пат во историјата на франшизата успеа да го одведе Денвер Нагетс до финалето на НБА лигата, а она што го направи клубот од Колорадо за да стигне до финалето се уште е главна тема во кошаркарските кругови.
Денвер Нагетс со „метла“ ги елиминираа Лос Анџелес Лејкерс и го привлекоа вниманието на целиот свет, вклучувајќи ги и веројатно најпознатите актерки во филмовите за возрасни – за резултатите на кошаркарскиот клуб проговори и Лиса Ен (51 г.)!
Во својот подкаст, каде кошарката често е главна тема, таа зборуваше за спектакуларните игри на Денвер Нагетс и нивната убедлива победа против Л.А. Лејкерс. По тој повод, се чини, таа најави дека Денвер Нагетс би можел да биде фаворит во големото финале на НБА лигата, бидејќи играат блескаво.
„Никој од нас не веруваше дека серијата ќе заврши толку брзо. Тоа е малку чудно и бизарно. Кога Лејкерси беа на 0:3, си помислив – ‘Што се случува?’. И сега Денвер Нагетс имаат девет дена за одмор, што исто така ќе им помогне во финалето. Тоа е најмногу одмор што го имале од Ол-Стар викендот, можеби дури и пред сезоната“, изјавила Лиса Ен за тимот од Денвер.
Претходните години, по повлекувањето од индустријата за возрасни, Лиса Ен и се посвети на својата голема љубов – кошарката. Уште во текот на својата професионална кариера потенцираше колку го сака овој спорт и кошаркарите – некои од нив успеа да ги однесе во кревет – а бидејќи има повеќе слободно време, редовно присуствува на натпреварите во НБА лигата и често во својот подкаст коментира за случувањата во најсилната лига во светот. Таа сезонава неколку пати гостуваше и во Колорадо, за да го гледа тимот во Денвер Нагетс кој подоцна стигна до финалето на лигата.