Најпознатата хрватската навивачка разочарана од Германија: Собата чини 650 евра од вечер, а менаџерот е безобразен
Најпознатата хрватска навивачка, инфлуенсерката Ивана Кнол повторно ја поддржува Хрватска која настапува на ЕП 2024 во Германија, но како што објави на социјалните мрежи, не е задоволна од условите и гостопримството на Германија. Имено, Кнол на Инстаграм се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба.
Платив илјадници за „најдобриот хотел“ во Берлин, а собите се стари, греењето не работи, салата и базенот се во изградба“, сподели таа позирајќи пред огледало.
Платив 650 евра за една ноќ, а во цената е вклучено: стара соба без парно, теретана и базен не се достапни поради реновирање, а уште повеќе, менаџерот е безобразен“, додава таа во видеото каде што покажува како изгледа нејзината соба.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2024/06/87da4fab-e6a7-4138-b689-5db2d2e8e3cb.jpg)
Дополнителна непријатност за Кнол во престојот во Германија е и резултатот од првиот натпревар на „коцкестите“ во кој загубија од Шпанија со 3:0.