Најпосакуваниот маж во Холивуд сега е уште позгоден и – позаљубен

Зои Кравиц и Ченинг Тејтум се запознале и се заљубиле благодарение на овој филм.

Зои Кравиц , ќерката на познатиот музичар Лени Кравиц, скокна во режисерските води и е објавен првиот трејлер за нејзиниот дебитантски филм „Blink Twice“. Тоа не е сè; во филмот главната улога му ја додели на своето момче, згодниот Ченинг Тејтум, на кого, би рекле, овој филм му „стоел“ многу.

Станува збор за трилер кој ќе се појави во кината на крајот на август оваа година, а заплетот следи келнерка која Ченинг ја забележува и ја кани на одмор од соништата со своите пријатели, на неговиот приватен остров.

Заплетот е секако интересен, а првиот поглед на филмот носи возбудливи моменти.

Зои изјавила дека овој проект го започнала уште во 2017 година, а и ја донела љубовта со Тејтум, кој со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Списанието „Пипл“ своевремено го прогласуваше за најсекси маж, а неколку пати го видовме целосно гол на големото платно.

Се започна со познатиот „Magic Mike“, а ќе признаете дека и денес изгледа многу привлечно.

Зои и Ченинг се во врска од 2021 година, а се запознале токму кога таа го замолила да се појави во нејзиното режисерско деби.