НАЈСЕРИОЗНИОТ ВИД НА СРЦЕВ НАПАД НАЈЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА ВО ПОНЕДЕЛНИК !? Една лоша навика на многумина е главната причина – еве како се појавува…

Едно истражување покажа дека срцевиот удар почесто се случува во понеделник!

Фаталните срцеви удари се почести во понеделник, покажа едно истражување. Експертите ја припишуваат причината за промените во деноноќниот циклус на спиење и будење.

Поточно, научниците ги проучувале податоците од повеќе од 10.000 пациенти низ островот Ирска во текот на пет години и ги пресметале шансите за срцев удар за секој ден во неделата. Тие откриле силна врска помеѓу почетокот на работната недела и најсериозниот тип на срцев удар, наречен миокарден инфаркт со покачување на ST-сегментот. Се јавува кога главната коронарна артерија е целосно блокирана.

Истражувачите го пресметале бројот на лица примени во болница со срцев удар за секој ден во неделата.

Причината е веројатно мулти-факториална. Сепак, врз основа на она што го знаеме од претходните студии, разумно е да се претпостави деноноќен елемент“, рекол д-р. Џек Лафан од фондот за здравје и социјална грижа во Белфаст.

Професорот Нилеш Самани, од Британската фондација за срце, повика на повеќе истражувања. Ова би можело да им помогне на докторите подобро да ја разберат оваа смртоносна состојба и да спасат повеќе животи.