Најскапиот материјал на светот наскоро ќе се најде во смартфоните

Едно од најголемите достигнувања во технологијата е материјалот кој чини околу 137 милиони долари за грам.

Новите iPhone модели секогаш ги имаат оние мали подобрувања што го отежнуваат да им се одолее, но ретко кога станува збор за големи промени. Сепак, една одредена состојка би можела да биде клучот за иднината на уредите на Apple.

Оваа „состојка“ се ендохедрални фулерени базирани на атомот на азот, и колку и да звучат комплицирано, тие имаат моќ да ја променат иднината кога станува збор за новата технологија.

Развиен од научници од Универзитетот во Оксфорд, овој материјал може да се користи за да се направат неверојатно точни и ситни атомски часовници.

Атомските часовници се суштински дел од „GPS“ системите, бидејќи тие во голема мера го подобруваат сигналот во инаку предизвикувачки области како што се тунелите. Ова значи дека тие би можеле значително да ја подобрат автоматизираната технологија во автомобилите без возач.

Проблемот со стандардните атомски часовници во моментов е што тие обично се со големина на соба, така што би било невозможно да се вклопат во нешто толку мало и преносливо како iPhone.

Како што можете да замислите, ова би било неверојатно корисно за телефоните кога патувате, бидејќи ќе ви даде многу попрецизно читање на вашата локација, што ќе ви овозможи лесно да се движите наоколу.

Потенцијалните придобивки се огромни – од тоа што сте побезбедени, на пример, при планинарење, па сè до веќе споменатите автономни автомобили, каде што секако ќе имаат најголема употреба.

Значително зголемената прецизност би ги направила овие возила многу побезбедни на патиштата, а можноста за следење на локацијата на другите автомобили драматично би го намалила ризикот од судири, особено во сценарија со голема брзина.

Како што рековме, цената е голема пречка – речиси 140.000.000 долари за грам ја прави оваа најскапа состојка во светот, па ни останува само да се надеваме дека научниците кои работат на тоа еден ден ќе ја „намалат“ на нешто прифатлива сума за да го има во сечиј телефон.