Најскапото Ферари во историјата продадено на аукција 

Светот на реткостите на Ферари е исто толку интересен како и светот на ретките уметнички дела, бидејќи цените и во двата случаи одат до вртоглави височини, така што само најбогатите можат да си ги дозволат.

Долго време, во светот на ретките автомобили, првото место го зазема Ferrari 250 GTO од 1960-тите, со оглед на тоа што во првата серија беа направени само 33 примероци.

Еден од овие примероци беше ставен на аукција од Сотби, а достигна неверојатна цена од 48.000.000 евра. Според CarsUK, ова е највисоката цена некогаш забележана за Ферари на аукција.

Високата цена може да се припише на уникатната историја на автомобилот, бидејќи учествуваше на трките во Ле Ман и Нирбургринг, каде што заврши на второто место. За трката, ова Ферари доби 4,0-литарски мотор, иако подоцна беше вратен фабричкиот 3,0-литарски.

Иако ова е рекорд на аукција за Ферари, тој е далеку од рекорд за автомобили воопшто. Минатата година, Mercedes 300 SLR беше продаден на аукција за неверојатни 120.000.000 евра.