„НАЈТАЖНИОТ ДЕН ОД НЕЈЗИНАТА КАРИЕРА“ Првата огласување на Калиопи по трагедијата: Загубивме живот на мојот концерт…

Жената на која и’ се слоши на концертот на македонската пејачка Калиопи почина по еден час реанимација.

Калиопа
ФОТО: МАРИНА ЛОПИЧИЌ

Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

Иако лекарите дале сè од себе, жената не можела да се спаси ниту по реанимација и набрзо починала.

Пејачката била длабоко потресена од настанот кој не можела да го предвиди, а малку подоцна се огласила на својот Инстаграм профил и со потресни зборови се обратила до присутните.

https://www.instagram.com/_u/kaliopi_official/?utm_source=ig_embed&ig_rid=d5556e7e-3826-4c68-b86e-3ac147b9e1eb&ig_mid=694A7D12-0A18-4173-9A31-2CDF2EB274A9

-Ова е најтажниот ден во мојата кариера, наместо да славиме за животот, загубивме еден на мојот концерт . Во мое име и во име на мојот тим изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата – напиша Калиопи чиј концерт беше одложен, за што публиката подоцна ќе биде информирана.